Зошто симптомите на инфаркт се различни кај мажите и жените?
Срцевиот удар е тивок убиец кој настанува како последица од немање физички активности, лоша исхрана и, генерално, нездрав начин на живот. Но, како да го спречите и ако тоа е можно како да ги препознаете знаците на предупредување? Кардиолог од болницата Колумбија Анил Бансал предупредува дека сите мора да знаеме да ги препознаеме знаците на инфаркт што понекогаш телото ги дава пред ударот. Вели дека многу од можните знаци на предупредување ги игнорираме . При тежината на градите, неподнослива болка во горниот дел на стомакот , болка во левата рака , грбот, вилицата и вратот или пак се работи за отежнато дишење – време е да се оди на лекар за правење на ЕКГ .
Знаци дека е можно да станува збор за срцев удар е и чуството на гадење, ладна пот и вртоглавица. Кај мажите, најчест предупредувачки знак за срцев удар е болка во градите , додека, пак, жените често имаат симптоми на краток здив, гадење и болки во вилицата .