Во кои производи вистинската количина на сол е скриена?
Намалувањето на внесот на сол е исто толку важно за здравјето како и откажувањето од пушењето , предупредува Светската здравствена организација (СЗО ), чии проценки покажуваат дека намалувањето за 15 отсто на внесувањето сол за 10 години, ќе спречи девет милиони смртни случаи.
Прекумерното консумирање сол е една од главните причини за болести на срцето и крвните садови и е одговорна за 62 проценти од ударите и речиси секоја втора коронарна срцева болест. Исто така влијае на ракот на желудник , влошување на симптомите на астмата и болести на бубрезите и остеопороза.
Експертите со став дека намалувањето на дневната доза на сол од три грама ќе донесе милионски заштеди на здравствениот систем и спасување на илјадници животи.
Иако препораките на Светската здравствена организација зборуваат за дневен внес на сол од 5 грама а Американското здружение за срце препорачува помеѓу 3,5 и 4 грама, просечно, жените дневно консумираат околу 11 грама сол а мажите нешто повеќе или 13 грама.
Некои истражувања покажале дека повеќето граѓани не се свесни за солта во готовите и полуготови производи, житарици и млечни производи. Речиси 80 проценти од солта што се користи секојдневно се однесува на скриената сол, предупредуваат експертите.