За кои болести е добро да јадете маслинки?
Чувари на кардиоваскуларно здравје
Маслинките го чуваат здравјето на срцето и крвните садови. Кога слободните радикали го оксидираат холестеролот, крвните садови се оштетуваат и на артетиите се акумулираат маснотии кои може да предизвикаат срцев удар. Антиоксидантните хранливи материи во маслинките ја спречува оксидацијата на холестеролот и со тоа спречува појава на коронарна срцева болест. Маслинките содржат масти, но тие се мононезаситени и поздрави и истите влијаат при намалување на високиот крвен притисок.
Губење на тежината
Истражувањата покажале дека ако со мононезаситени масти кои се наоѓаат во маслинките ги замените заситените масти доаѓа до губење на тежината. За маслиновото масло е докажано дека ги разградува мастите во клетките, помага при топење на салото во стомакот и ја намалува чувствителноста на инсулин. Покрај тоа, тестовите покажале дека конзумирањето на маслинки го зголемува нивото на серотонин, хормон кој влијае да се чуствуваме сити.
Превенција од малигни болести
Маслинките имаат силни анти-воспалителни и антиоксидантни својства, и тоа ги прави природен заштитник од рак. Од друга страна, маслинките се богат извор на витамин Е, кој има способност да го неутрализира влијанието на слободните радикали, особено во комбинација со мононезаситени масти.