Смени на директорите на скопските клиники – Разрешен Милан Ристески од Онкологија
Милан Ристески повеќе не е директор на Клиниката за онкологија.
Министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Ристески,кој беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, а беше и едно од лицата што влегоа во Собранието на 27 април, кога се случија дивеењата и бруталните претепувања на пратеници и на новинари.
Не неговото место доаѓа Нино Васев, лекар на клиниката.
Според пишувањата на дел од медиумите следна за разрешување ќе биде директорката на Клиниката за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега.
На нејзино место неофицијално ќе седне доктор Викторија Јовановска.