Што најмногу ги плаши жените за изгледот?
Третина од жените имаат проблеми со паѓањето на косата, а три четвртини од нив за тоа го обвинуваат стресот, утврди новата студија на козметичката дива Лореал, спроведена на две илјади лица, на просечна возраст од 38 години.
Околу осум отсто од жените почнале да ја губат косата до 25 -от роденден, а шеститна од нив забележале паѓање на влакна и пред да наполнат 30 години. Околу 2,5 отсто од нив мака мачеле и пред да наполнат 20 години, пишува „Дејли Мејл“.
Губењето на костата толку многу ги погодува што шестина од нив признаваат дека подобро би било да бидат дебели отколку ќелави. Четвртина од нив одат и чекор понатаму, па подобро би биле во целибат отколку да ја изгубат косата, потврди истражувањето.
Паѓањето на костата кај двата пола е поизразено кај оние кои заработуваат повеќе.
– Животот под стрес го зема својот данок и веднаш кога ќе забележите губење на косата, насочете се кон подобрување на животните услови. Настојувајте да останете позитивни и да јадете поздраво, советува Адам Рид, амбасадорот на Лореал.