Шокантно: Секој трет маж би силувал жена ако потоа нема последици!

Шокантни резулати доаѓаат од истражувањето на Универзитетот во Дакота. Во рамки на истражувањето, на 73 студенти им било поставено прашањето: дали би присилиле жена на сексуални односи кога би знаеле дека нема да има последици, дури третина од нив рекле дека тоа би го направиле, додека бројката падна кога испитувачите го повториле прашањето и го искористиле зборот „силување“. Сепак, зборот „силување“ не ги запре 13 отсто од испитаниците кои признале дека тоа би го направиле кога би се извлекле без последици и кога за тоа никој нема да знае.

Испитаниците заклучија дека мажите кои рекле дека би принудиле жена на секс, но не и на силување, не ги сметаат своите постапки канзиви, а кај некои дури забележале чувство на гордост во идеата да присилат жена на сексуални односи.

Исто така, забележале дека оние кои би биле подготвени на силување имаат непријателски став кон жените, додека оние кои „само“ би ги присилиле на секс, имат подобри односи со спротивниот пол.

Тоа покажува дека постојат различни психички профили на злоставувачи и начини на кои тие сами пред себе се оправдуваат за своите постапки, но злосторство е злосторство, што и да мисли злоставувачот.

По ова истражување, активистите за борба против насилството над жените заклучи дека треба да се престане само да се предупредуваат жените да не се облекуваат провокативно, да не пијат премногу и да не одат сами, туку внимание да се обрне и на мажите кои имаат насилни склоности и да се работи на нив за да запре насилството.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.