Дали митовите дека чоколадото е штетно се точни?

Чоколадото со години беше на листата намирници кои треба да се избегнуваат, бидејќи е штетно по здравјето, но се покажа дека повеќето од тие митови немаат врска со вистината.

Чоколадото како и сите бескрајно фини нешта, е опкружено со многу митови на кои единствена цел е да не спречат да го конзумираме, или барем така изгледа. Токму затоа тие митови треба да се разбијат и да се овозможи на луѓето без грижа на совест да јадат чоколадо.

Кога веќе спомнавме грицкање, колку пати родителите ви рекле дека чоколадото ги расипува забите? Многу пати сигурно, но тоа е чиста лага. Имено, 30 грама темно чоколадо има 7 грама шеќер, помалку од едно мало јаболко! Лажица какао во прав нема ни ронка шеќер, па вие видите…

До тинејџерските години родителите ја променија приказната, па тогаш чоколадото стана причина за појава на акни. Но, не постои апсолутно ниту еден доказ за тоа тврдење, вели дерматологот од реномираниот Универзитет Дјук, Дијана МекШејн, очигледно и самата љубителка на чоколадо. Со влезот во повозрасни години почнуваме да внимаваме на линијата и да слушаме дека чоколадото има висок процент на масти и дека затоа треба да се избегнува. Вистината е некаде во средина – 30 грама темно чоколадо има 12 грама масти, од тие 7 грама заситени, но едно лажиче какао во прав има само 1 грам масти и тоа незаситени. Поради тоа, направете си какао…

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.