Ракијата е лековита само ако се пие умерено!
Кај народот одсекогаш постоело верување дека ракијата е многу лековита и по некоја чашка од овој жесток пијалок може поволно да влијае врз здравјето на луѓето. Ова го потврдиле и медицинските истражувања.
Истражувањата покажале дека консумацијата на алкохол го зголемува добриот,а го намалува нивото на лошиот холестерол, како и оние кои умерено го гористат овој пијалок поретко оболуваат од кардиоваскуларни болести како што се инфаркт,срцева слабост,покачен крвен притисок итн.
-Една чашка ракија го лекува воспалението на внатрешните крвни садови каде се наоѓааат масни наслаги кои може да предизвика пукање и срцев удар, истотака го успорува создавањето на тромб и го забрзува неговото разлагање ако веќе постои. Притоа под умерен пијалок се подразбира еднен до два алкохолни пијалоци кои содржат 10 грама алкохол, што одговара на една кригла пиво, чаша вино,и чашка жесток пијалок, но ова не се препорачува на трудниците. Од друга страна ако се испие поголема доза тогаш дејството е штетно бидејќи може да го оштети срцевиот мускул и да доведе до грчење на периферните крвни садови. Во случај на секојдневно пиење поголеми количини од 80 грама или 8 чашки ракија може ад дојде до здебелување на срцевиот мускул. На овие промени повеќе се подложни жените. Истовремено доаѓа до зголемување на крвниот притисок и појава на артериска хипертензија.