Минатиот месец двајца мажи од Кавадарци и Прилеп се заразиле со ХИВ
Во текот на месец јуни, ИЈЗ регистрирал два нови случаи на ХИВ/СИДА. Пријавените лица се од машки пол, а во однос на возраста, тие се од групата од 20-29. Според место на живеење, регистрираните се од Кавадарци и Прилеп. Претходно во април и мај беа евидентирани 10 случаи со ХИВ и повторно сите од машки пол. Согласно евиденцијата на пријавените случаи, заклучно со 30.06.2017, вкупниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2017 изнесува 338, при што:
- лица болни од СИДА – 181
- ХИВ позитивни лица – 157
- починати лица – 83
- лица кои живеат со ХИВ/СИДА – 255.
Во однос на другите сексуално преносливи инфекции, во текот на јуни се пријавени 4 случаи на инфекции предизвикани од хламидија и два случаи на гонореја.