Постои ли врска меѓу смеењето и болестите?

Обично се смееме затоа што е нешто забавно и привлекува внимание, но понекогаш и напад на смеење може да биде сериозен медицински симптом. Истражувањата покажуваат дека само во еден од пет случаи смеењето вклучува хумор.

Звучи малку чудно, во каква врска се смеењето и болеста? Кога се смееме тоа е затоа што сме среќни, а токму смеењето го зголемува расположението, па треба ли повеќе да се смееме? Колку пати сте сведочеле на нечиј напад на смеење во продавница или додека чекате во ред во банка?

Кога се смееме намерно или повеќе пати без никаква причина, на сцена стапува патолошко смеење. Тоа е знак за нарушена здравствена состојба и влијание на нервниот систем, а научниците посебно се занимаваат со тој феномен.

Патолошкото смеење обично не е поврзано со хумор, добро расположение или кој било облик на искажување на среќа. Мозокот праќа сигнали кои ги контролираат активностите кои ги вршиме, како дишењето, но и доброволно како одењето или смеењето. Кога тие сигнали се пропуштаат поради услови како што е хемиска нерамнотежа или неправилност во тек на раѓањето, можат да предизвикаат необично смеење.

Тригодишно девојче во 2007 година имало необични напади, се смеела и се гризела додека се смеела. Докторите откриле дека има ретка форма на епилепсија која предизвикувала неконтролирано смеење. Била извршена операција за да и се отстрани бениген тумор кој растел во нејзиниот мозок, пишува Ел Еј Тајмс.

Хирурзите и невролозите помагаат на луѓето кои имаат тумори или цисти на мозокот, а со нивното отстранување го елиминираат притисокот на тие делови на мозокот кои предизвикуваат напади на смеење.

Акутен мозочен удар исто така може да биде еден од причинителите.
Смеењето е еден од симптомите на Ангелманов и Туретов синдром. Првиот е ретко хромозомско пореметување кое влијае на нервниот систем. Луѓето кои се заболени од него не можат да зборуваат и прикажуваат „среќно, возбудено однесување”, пишува NIH.

Вториот синдром е невробиолошко пореметување и лечењето обично не е потребно ако не доведува до прекин на секојдневните активности. Лековите и психотерапијата можат да помогнат на пациенти да го контролираат нивното влијание. Сето тоа никако не значи дека треба да престанеме со шеги и дружења и да се закаже преглед на лекар, дури напротив.

 

Смеењето и болеста често се спомнуваат заедно и тоа главно во дискусија за позитивните аспекти кои ги има на здравјето на луѓето. Смеењето ослободува од блокади во енергетското поле, се лачи ендорфин, помага во изградба на карактерот, кога се смееме „на своја сметка”, искуството и доживувањето на ситуацијата во која се наоѓаме, стануваат поинакви. Бенефити има многу, во тоа нема сомнеж и смеењето е добра инвестиција секој ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.