Кога жените најмногу сакаат секс?
Научниците од Универзитетот Летбриџ го испитуваа секуалниот живот на испитанички на возраст од 18 до 30 години, а резултатите покажаа дека жените имаат највозбудливи сексуални фантазии токму во периодот кога се најплодни, односно кога овулираат.
За што најчесто фантазираат тогаш?
Верувале или не, за секс со повеќе мажи.
Во истражувањето биле опфатени 27 хетеросексуални жени и секоја од испитаничките водела дневник во текот на еден месец за степенот на сексуална возбуда, сексуалните фантазии и желбата за секс.
Исто така им било направено тестирање на урина кога почнал процесот на овулација.
Кога ги споредиле информациите од дневниците со резултатите од тестовите, заклучиле дека во трите дена околу овулацијата бројот на сексуални фантазии растел од просечни 0,77 на 1,3 дневно.
Заклучокот е дека кулминацијата на плодните денови во месецот се поклопуваат со зголемената желба за секс.