Кога белите влакна можат да бидат сериозен здравствен проблем?

Заболување на срцето

Би требало да се консултирате со кардиолог доколку сте маж и забележите забрзано посивување на косата. Научнциите откриле дека тоа може да биде поврзано со висок ризик од срцеви заболувања.

Акумулација на пероксид

Во суштина, фоликулите на косата произведуваат мало количество на хидроген пероксид. Но, кога се акумулира тоа, тогаш бојата на косата се менува. Оваа состојба може да се третира со УВБ активирана компонента која исто така се користи и за нарушувања на пигментацијата на кожата.

Недостаток на витамините Д3 и Б12

Понекогаш за спречување на посивување на косата доволно е да се држите до балансирана исхрана. Научниците откриле дека недостатокот на Д3 водат кон загуба на меланин, состојка која дава боја на кожата и косата. Истото важи и за недостатокот на витаминот Б12.

Пушење цигари

Пушачите не треба да се изненадат од ова. Докажано е дека пушењето предизвикува брзо стареење и поседа коса. Освен тоа, пушењето води и кон губење коса.

Сепак раното добивање сиви влакна не значи дека имате здравствени проблеми, понекогаш едноставно се работи за гени. Сивата коса може да е знак за некои природни особености на вашата коса, не само за проблеми. На пример, луѓето чии родители имале седа коса пред 30-тата година, ги забележуваат првите седи влакна на слична возраст. Научниците дури и ги пронашле гените кои се одговорни за раната појава на сиви влакна и тие се наследни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.