Што може да ви се случи ако испиете премногу кафе?

Пет шолји кафе може да предизвикаат предозираност со кофеин или пет енергетски пијалаци испиени во рок од два часа. Конзумирањето премногу кофеин во еден ден може да влоши или предизвика состојби како паничен напад, психози, несоница.

– Сега веќе класичната комбинација вотка-енергетски пијалак не е никако добар избор со оглед дека некои симптоми на труење со кофеин се повраќање, срцева аритмија и висок крвен притисок, што може да биде многу полошо во случај кога кофеинот се комбинира со алкохол.

– Конзумирањето премногу кофеин во подолг временски период може да има застрашувачки последици. Освен појавата на завиност тука се и мигрените, депресијата и заморот.

– Тешко е да се каже колку кофеин е премногу кофеин, бидејќи секој различно реагира, она што е сигурно е дека лицата кои често го конзумираат, се поотпорни од оние кои не се навикнати на него. Останатите фактори како што се тежината и индексот на телесна маса исто така влијаат на отпорноста.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.