Кои промени се случуваат во телото кога ќе ги откажете цигарите?
Кога ќе престанете да пушите во телото се случуваат овие промени:
Крвен притисок: Само 20 минути откако ќе ја изгасите вашата последна цигара, крвниот притисок и пулсот веќе ќе започнат да се нормализираат.
Кислород: Откако ќе поминете осум часа без да запалите цигара, нивото на јаглерод моноксид како и нивото на кислород во вашето тело ќе започнат да се неутрализираат.
Срцев удар: Само еден ден без пушење го намалува ризикот од срцев удар. И покрај тоа што ќе се чувствувате иритирачки, всушност тоа е знак дека вашето тело се обидува да се исчисти од никотинот.
Сетила: Пушењето има способност да ги намали вашите сетила за перцепција. По околу 48 часа без цигари веќе им помагате на вашите нервни завршетоци да зараснат и ги подобрувате вашите сетила за вкус и мирис.
Циркулација: Од две недели до три месеци откако ќе престанете да пушите, функционалноста на вашите бели дробови ќе се зголеми за 30%. Како што се зголемува циркулацијата на крвта, ќе забележите дека можете да одите подолги растојанија без да го изгубите здивот.
Белите дробови: Кога ќе поминат од еден до девет месеци, проблемите како кашлањето, отежнатото дишење и проблемите со синусите ќе се намалат за на крај целосно да престанат, а енергијата ќе ви се зголемува. Влакненцата на клетките во белите дробови ќе се регенерираат чистејќи ги вашите бели дробови и намалувајќи го ризикот од инфекции.
Целокупното здравје: Една година откако сте ги откажале цигарите вашите шанси за срцеви заболувања ќе бидат два пати помали отколку на пушачите.