Како да ја намалите болката со помош на светлина?
Научници откриле дека светлината може да се користи за создавање или запирање на болка. Возбудливи но и застрашувачки вести. Истражувањето објавено во „Nature Biotechnology” , објаснува како научници од Стенфорд случајно откриле како да ја елиминираат болката додека го истражувале влијанието на светлината врз движењата на мускулите кај глувците. Тие го вметнале протеинот – opsin кај нервите на глувците чекале неколку недели, додека нивните нерви не станат чувствителни на светлина за да почнат со тестовите.
Во текот на истражувањето , научниците сфатилеа дека различни видови на светлината , влијаеле на невроните и тоа некои “нијанси” на светла целосно ја запирале болката а други ја зголемувале.
– Ова откритие има големи имликации во повеќе области – од невронски мрежи до психологијата и може да им помогне на милиони луѓе кои имаат хронична болка, велат од тимот истражувачи.