Зошто треба да јадете почесто грозје?
Ја поттикнува работата на мозокот
“Се покажало дека со редовното консумирање на белото и црно грозје можеме да ја подобриме функцијата за помнење, меморијата и концентрацијата во голема мера”, вели д-р Џон Хенвеј од Клиниката за истражување во областа на исхраната и здравје во Минесота.
Истражувањата покажуваат дека полифенолите кои се наоѓаат во семките од грозје можат да го намалат развојот на плак во мозокот, кој во медицината се поврзува со Алцхајмеровата болест. Имено, состојките на виновата лоза можат да ги неутрализираат слободните радикали и притисокот во мозокот.
Црното грозје се препорачува кај лицата кои боледуваат од гихт или ревматоиден артритис бидејќи може да ги намалат болките кои се јавуваат како најчест симптом на оваа болест. Црното грозје содржи биофлавоноид познат како кверцетин. Грозјето е моќен антиоксиданс и благодарение на тоа и на витаминот Ц кое го содржи, ги ублажува болките во зглобовите и мускулите, но е добар и против алергии.
Научниците од универзитетот во Илионис тврдат дека ресвератролот од грозјето го забавува или го спречува растот на бенигни и малигни тумори. Истражувањата покажуваат дека ресвератролот го спречува или намалува растот на туморот во сите фази на болеста.
Предвременото стареење на кожата е една од последиците на делувањето на штетните сончеви зраци. Научниците, меѓутоа, тврдат дека флавоноидите откриени во грозјето можат да ги “поправат” оштетените ќелии на кожата и затоа препорачуваат да консумирате што повеќе грозје.