Зошто треба да користите масло од оригано?

Маслото од оригано го смирува стомакот

Благодарение на антимикробната активност во маслото од оригано, тоа може да ви помогне да се изборите против појавата на некои од главните причини за раздразнетиот стомак – варењето на храната, ингестија на алергени и токсини и бактериски инфекции.

Го подобрува вашиот имунолошки систем

Додавањето на масло од оригано во вашата секојдневна рутина, е одличен начин за подобрување на вашиот имунолошки систем. Неговите состојки помагаат во борбата против непријатните организми кои му наштетуваат на вашето тело.

Ги елиминира интестиналните црви

Интестиналните црви се ретка појава кај луѓето, а многу почеста кај кучињата. Маслото од оригано може да ви биде од голема помош, без разлика дали се работи за вашето милениче или за вас. Во случај на интестинални црви кај луѓето, се препорачува да се додадат неколку капки масло од оригано во шолја чај од ѓумбир. За да биде поприфатливо и повкусно за деца, може да ставите неколку капки од маслото во чаша сок од лимон.

Маслото од оригано може да ве орасположи

Понекогаш, хемиските процеси во нашето тело се неизбалансирани и е потребно повеќе време и напор за да ги вративме во нормала. Користењето на масло од оригано може да помогне, бидејќи е богато со специјални соединенија, како што се тимол и карвакрол. И двете соединенија може да имаат позитивно влијание врз нашиот ум и нервниот систем.

Ги смирува алергиите

Благодарение на неговите антиалергични својства, маслото од оригано може да ги смири симптомите на разните алергии.

Помага при проблеми со респираторниот систем

Постојат многу природни лекови за проблемите со респираторниот систем. Маслото од оригано е еден од најпопуларните, како и еден од најмоќните. Маслото од оригано се бори против грипот, го напаѓа и го уништува. На истиот начин делува и врз респираторните инфекции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.