Зошто повеќето мажи сакаат повозрасни жени?
Мажите многу почесто ги превлекуваат постари жени, колку и да звучи чудно.
Таквите врски важат за интригантни, а за причината поради која тие ги сакаат постарите жени, се спроведени повеќе истражувања.
Ова се неколку пресудни фактори:
Зрелост и искуство
Зрелоста и самодовербата кои повозрасните дами ги внесуваат во врската, на мажите им создава чувство на удобност, бидејќи тие нема да имаат одговорност да преземаат иницијатива во сите ситуации.
Младите жени се склони кон често менување на мислењето, а тоа мажите не го сакаат. Додека пак, повозрасните жени раководат со врската одлично. Со обзир на големите животни искуства, тие ја негуваат слободата и развојот на помладиот партнер во врската.
„Забрането овошје“
Ретко кој ги одобрува врските на помлад маж и постара девојка, бидејќи сите се навикнати на обратната ситуација. Но, токму тој фактор на „забрането овошје“ и неодобрување, создава дополнителна потреба кај мажите која сакаат да ја испробаат. Често луѓето го сакаат повеќе она што не може лесно да го имаат.