Зошто мажите треба да јадат малини?

Благодарение на високиот процент на антиоксиданси, малините имаат заштитна улога во одбраната на спермата од оксидативен стрес, покажало истражувањето на американскиот Институт Лоренс Беркли. Според него, малините содржат високи количини на витамин Ц и магнезиум, кои се клучни во производството на тестостерон.
Мажите кои внесуваат голема количина на витамин Ц имаат до 20 отсто помал ризик од оштетување на спермата, а малините се најголем природен извор на витамин Ц, заклучиле научниците. Ова е особено важно за оние над 40 години, кои сакаат да станат татковци, но истражувањето и кај жените покажало дека се намалува ризикот од спонтан абортус кај оние кои јадат малини.
– Малините ги содржат главнитехранливи материи кои ја зголемуваат плодноста и кај мажите и кај жените, велат експертите.
– Малините исто така имаат најнизок гликемиски индекс меѓу овошјето е, што значи дека шеќерот од нив полека се апсорбира во телото, а ова е добар начин за контрола на апетитот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.