Долната облека немојте да ја перете заедно со крпите!

262

Ниските температури во машините за перење на алишта не се доволни да ги уништат бактериите, па тие често се пренесуваат на долната облека и крпите и можат да го загрозат здравјето на луѓето покажало истражувањето на Британската асоцијација за хигиена. Според него, околу 0,1 g или 10.000 фекални остатоци остануваат на таканаречената чиста долна облека по перењето на 30 степени.
– Луѓето веруваат дека облеката по секое перење во машина е чиста, но постои разлика помеѓу површно чиста и хигиенски чиста облека, вели лидерот на истражувањето Лиза Акерли. Таа додава дека перењето на ниски температури не е само проблематично поради останувањето на бактериите туку и поради можноста од контаминација на бактериите што се пренесуваат на другите делови во машината и прават бактериски зони. Бактериите на мократа облека се најопасни, бидејќи по ставањето на алиштата да се сушат тие остануваат на рацете од што може да се пренесат на устата.
-Совети за поголема хигиена во машината за перење
Најмалку еднаш месечно е неопходно алиштата да се перат на 90 ° за внатрешноста на машината да се исчисти од бактерии
Постелнината и долната облека треба да се перат одвоено од крпите, особено кога се пере на ниски температури.
По завршувањето на машината за перење вратата треба да се остави отворена некое време, бидејќи протокот на воздух го намалува растот на бактерии во внатрешноста.
Редовно чистење на вратата од машината.
По секое местење на алиштата да се сушат редовно да се мијат рацете со сапун.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.