Заврши на суд откако ги лажела луѓето дека излечила тумор на мозок со здрава исхрана!

Австралиската блогерка Бела Гибсон (25) е обвинета дека ја лажела јавноста оти го победила ракот благодарение на здравата исхрана наведувајќи ги на тој начин луѓето да ги купуваат нејзините книги и апликации за мобилен телефон во кои се рекламирале производи.

Таа навела дека дел од собраните средства давала во хуманитарни цели. Но, во истрагата било докажано дека парите, сепак, ги задржала таа.

Судот ѝ наложил на Бела да плати 410.000 долари, кои ги присвоила, а казната за измама и за наведување на заболените, наместо медицинска терапија, да ги слушаат нејзините совети допрва ќе ѝ биде одредена.

Бела стана позната во 2013 година по рекламирањето на своите книги на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ кога наводно ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. Таа на социјалните мрежи лажела дека ѝ остануваат само пет месеци живот.

Неколку месеци подоцна објавила дека го излекувала туморот, дека го отфрлила конвенционалниот начин на лекување и дека оздравела благодарение на здравата исхрана.

Кога јавноста почнала да ја испитува веродостојноста на нејзините тврдења, Бела признала дека никогаш не боледувала од рак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.