За кои болести е добро да пиете сок од цвекло?

Сокот од цвекло е богат со антиоксиданси , железо, витамин Ц, манган , фолна киселина, и сите тие влијаат при намалување на ризикот од срцеви заболувања , шеќерна болест , воспаление и рак. Тој е одличен за чистење на телото од штетните токсини , го стимулира црниот дроб и жолчниот меур, тврди доктор Оз. Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста за време на вежбање на тој начин што ја намалува потребата за кислород до мускулите за време на вежбање , кои во голема мера ја зголемуваат издржливоста. Затоа, тоа е одлично за постарите лица како и пациентите кои имаат проблеми со срцето, покажале американски истражувања . Исто така сокот од цвекло содржи нитрати кои го намалуваат крвниот притисок и ккао и ризикот од срцеви и бубрежни заболувања и мозочен удар. Доволни се една до две чаши сок дневно. Нитратите од сокот , исто така, ја зголемуваат циркулацијата на крвта, особено на мозокот. Скенирање на мозокот потврди дека тоа го зголемува протокот на крв и кислород до делот од мозокот поврзан со меморијата и деменција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.