Пивото штити од остеопороза!

176

Пивото е најстариот и најпопуларен алкохолен пијалок во светот, кој ако се конзумира во умерени количини придонесува кон формирањето и одржувањето на силни коски, покажало едно неодамнешно истражување. Тоа ја потврдува важноста на состојките на пивото врз метаболизмот , но и превенира одредени болести и состојби , вклучувајќи ја остеопорозата . Последните истражувања покажуваат дека силициумот и фитоестрогенот кои ги содржи пивото се од суштинско значење за здравјето на коските. Ако пивото се пие во умерени количини тогаш ги храни коските и го спречува ризикот од остеопороза како и хронични дегенеративни болести кои се карактеризираат со прогресивно влошување на коскената структура и чести фрактури на коските. Поточно, силициумот има важна улога во формирањето и одржувањето на коските како и олеснување од нивна минерализација. Во експериментите кај животни дополнителни дози на силициум резултирале со зголемување на коскената густина и цврстина на коските. Извори на храна на силициумот се пиво , цели зрна, псевдо- житарици, особено просо и грав. Силициумот во форма на силициум диоксид е чест додаток на храна, но има ограничена цревна апсорпција , и не секогаш влегува во крвта и стигнува до местото на дејствување како силициумот од пивото. Со цел максимално да се искористат бенефициите од пивото потребно е тоа да се пие во умерени количини. За жените е дозволено околу 0,33 литри на ден , додека пак мажите може да пијат 0,65 литри на ден нормално пиво со 4,5-5 отсто алкохол . Кај овошните пива дозволената граница е двојно похголема од пивото кое содржи алкохол. кога пак, станува збор за безалкохолните пива тогаш препорачаната доза е како и за останатите безалкохолни пијалоци (околу 1 литар).

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.