Кој период од денот е најдобар за кафе?

195

Внатрешниот часовник најдобро реагирана кафето наутро околу 09:00 , потврдило истражувањето на Американскиот универзитет за здравствени науки. кафето е надобро да се пие помеѓу 09.30 – 11.30 или од 17.30 до 18.30 попладне бидејќи тогаш нивото на кортизол , хормон кој ја зголемува будноста е најнизок.
Кортизолот се поврзува со кофеин , па затоа треба да се внимава на времето за пиење на кафето. Луѓето кои пијат кафе од 08:00-9:00 наутро кога кортизолот е највисок развиваат толеранција на кофеин и со тоа се намалува неговата ефикасност.
Колку кортизолот е повисок толку е поголема веројатноста од отпорност на кофеин . Тогаш кафето не функционира и организмот бара дополнителна шоља или пак друг посилен пијалок за да се разбуди, потврдило истражувањето.
– Исто како што не треба да се претерува со лекови истото важи и за кафето. Треба добро да се темпира кога да се пие кафе и тоа да не биде кога телото е најбудно бидејќи се постигнува контраефект, вели шефот на истражувачкиот тим.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.