Восокот во ушите крие информации за вашето здравје
Восокот од ушите, односно церуменот, крие важни информации за вашето здравје. Неговата боја, мирис и структура може да укажуваат на четири главни проблеми со здравјето, а еве и кои:
1.Восокот е воденикав со зеленкаста боја
Ако сте се испотиле, воденикавото капење од увото веројатно е резултат на потта која навлегла во увото и се измешала со восокот.
Но, ако не сте се испотиле, а восокот е воденикав и со зеленкаста или темно жолта боја, тоа може да укажува на инфекција.
2.Восокот има силен мирис
Може да станува збор за инфекција на средното уво. Тоа може да предизвика бројни симптоми кои лекарите ги нарекуваат – хроничен отитис медиа.
Еден од симптомите може да биде секрет од увото со непријатен мирис, а доколку се работи за воспалено средно уво, можете да забележите и проблеми со рамнотежата.
3.Забележувате дека восокот ви истекува од уво
Инфекциите или раничките во тапанската мембрана може да предизвикаат создавање на абнормален раст на кожата, т.н. холестеатом.
Во увото настанува израсток во вид на циста што резултира со пополнување на ушниот канал со дебрис.
Во овој случај наместо незабележителниот исцедок на кој сте навикнале, секретот од увото може да излезе во облик на капење или мали грутчиња. Притисокот и болката во увото се исто така симптоми за холестеатом.
4.Немате восок во увото
Непостоењето на восок во ушите може да биде знак за ретка и недоволно испитана состојба наречена кератитис обтуранс.
При оваа состојба восокот во ушите, наместо постепено да излегува сам по себе, се натрупува во внатрешноста во увото се додека да создаде тврд чеп. Симптомите се болка и чувство дека ушите ви се полни.