Внимавајте, ова се симптоми за рак на дебелото црево

Ако ракот на дебелото црево е откриен порано и третманот започнува веднаш, постојат поголеми шанси да биде излечен.

1. Замор

Еден од главните симптоми на колоректалниот карцином е замор, ако зборуваме за напредната фаза на болеста. Се разбира, замор е симптом кој може да биде поврзан со голем број на заболувања, состојби и болести, но ако исто така чувствувате губење на здив и слабост, анализирајте други можни симптоми.

2. Анемија

Мала количина на хемоглобин во крвта може да биде симптом за рак на дебелото црево, а обична крвна слика може да одреди дали сте анемични или не. Видливи показатели за анемија се бледа непца, чувство на пецкање во рацете и нозете и замор.

Ако вашиот лекар утврдил дека имате мала количина на хемоглобин, се препорачува да земете колоноскопија и да ги разгледате гастроинтестиналниот тракт.

3. Крвава столица

Крвта во изметот може да биде последица на хемороиди, крвави полипи (обично им претходи рак на дебелото црево) или некој друг здравствен проблем.

Важно е никогаш да не претпоставувате за што станува збор и да игнорирате присуство на крв во столицата, независно за која количина станува збор.

Ако крвта е присутна и е светло црвена, веднаш контактирајте го вашиот лекар и одете на испитување.

Дополнително, обрнете внимание на:

  • Честа дијареа
  • Запек
  • Гадење
  • Повраќање
  • Анемија
  • Столица со дебелина на пенкало
  • Губење на апетит
  • Губење на тежина

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.