Видео: Доктор Александар Митов советува како да се откажете од цигарите!

Половина од полнолетните праѓани во Македонија се пушачи, објави ТВ Сител. Статистиката покажува дека овој порок го имаат речиси 700.000 граѓани кои годишно трошат околу 11 тони цигари, што ја става земјава на врвот на листата во Европа. Експертите по јавно здравје се категорични дека цигарите се причина за многу сериозни заболувања. Проценките на СЗО се дека во 21-от век 1 милијарда луѓе ќе починат од болести поврзани со пушењето.

-Само 10 цигари на ден го зголемуват ризикот од рак на бели дробови за 2 пати. Имено чадот од цигари се смета дека има над 7000 супстанци, неколку стотици се штетни, а најмалку 70 предизвикуваат рак, рак на белите дробови и други органи, срцев и мозочен удар, ХООБ, долга е листат на болести кои се последици од пушењето, изјави за Сител д-р Александар Митов, експерт по Јавно здравство.

За да се спречат болести предизвикани од пушењето доктор Митов советува како да се откажете од цигарите. Тежок, но возможен процес.

-Првиот чекор  од откажувањето од пушењето е човек да го најде личниот мотив, зошто сака да престане да пуши. Вториот чекор  е да одбере датум 2-3 недели од денот на одлуката и да почне да се подготвува. Кога ќе направи обид да не се откажува и ако првиот обид не е успешен. И 10, 20 и 30 обиди се вредни човек да престане да пуши, советува д-р Митов.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.