Високи казни и бркање на деца од градинки – Германија со строг закон против невакцинирањето во земјата
Германската влада ќе бара од градинките да ја известат доколку родителите не докажат дека присуствувале на консултации со доктор во врска со вакцинација на детето.
Оваа мерка е дел од напорите на владата да ја крене стапката на вакцинација во земјата, која опаднала во последните неколку години, со што и децата и возрасните се изложени на ризик од потенцијално опасни болести.
Властите имаат можност да изрекнат парична казна од 2.500 евра на родителите кои упорно одбиваат да присуствуваат на консултации во врска со вакцините, посебно за децата кои одат во градинка. Но, властите не можат секогаш да знаат кои родители избегнале консултации.
Парламентот ќе гласа за таа мерка во четврток, а доколку биде изгласан закон, истиот ќе стапи на сила веќе од 1. јуни.
Новиот закон предвидува и бркање од градинка на децата кои не се вакцинирани.
Во Германија досега се забележани 410 случаи на морбили, повеќе отколку во целата 2016. година.