Што да јадете за посилен имунитет?
Тиква
Една од најкарактеристичните есенски намирници, со прекрасен вкус, мирис и здравствени придобивки благодарение на витаминот Ц кој го содржи, како и високото ниво на витамин А.
Прокељ
Иако е ситен и можеби не изгледа како да има голема здравствена придобивка, прокељот игра голема улога во зајакнувањето на телото одвнатре и однадвор. Сулфурот кој го содржи помага при исфрлањето на токсините од организмот, а содржи и витамин К.
Сладок компир
Оние кои се опседнати со фитнсот, се запознаени со употребата на слаткиот компир по вежбање, за дополнување на електролити, а тој е и богат извор на калиум, магнезиум и натриум.
Пашканат
Овој зеленчук на многумина можеби им наликува на семејството моркови, но пашканатот има различни хранливи својства, а најчесто се користи во супа.
Во него содржи комбинација на силни хранливи состојки како витамин Б6 и Б5, кои се пресудни за производство на енергија во метаболизмот.