Природни лекови за болки во стомакот!

Супа од моркови и нане

Исечкајте 4 моркови и ставете ги во тенџере со 4 шолји вода. Додајте неколку ливчиња нане и оставете да врие 15 минути. Потоа извадете ги морковите и ставете ги во блендер за да добиете густа смеса. Вака подготвените моркови со нане ја намалуваат болката во стомакот.

Водата од оризот

Сварете половина шолја ориз во 6 шолји вода. Оставете да се вари 20-на минути, а потоа тргнете го садот од оган. Процедете ја водата и ставете ја во чаша. Можете да додадете и малку мед за поубав вкус.

Препечени лепчиња на тост

Ако имате проблеми со варењето или сте подуени, а сепак ви се јаде, добра идеја за ужинка која ќе ви ги смири болките се препечени лепчиња на тостер.

Цреши, суво грозје, кајсии и сливи

Овие четири овошја имаат висока хранлива вредност и многу влакна кои помагаат при варењето на храната.

Цимет

Својствата на циметот го поттикнуваат правилното варење на храната, па добро е да го консумирате во чај или како зачин во омилените благи јадења.

Анасон

Семките од анасонот се полни со витамини и минерали, па кога ве боли стомакот, сварете си чај од анасон.

Топла вода

Топлата вода е наједноставен лек за болки во стомакот. Наполнете едно шише со топла вода и ставете го на стомакот или ставете топла вода во термофор кој ќе го држите на стомакот и покријте се со ќебе.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен сојузник против бактериите и помага за подобро варење на храната. Грицкајте парче свеж ѓумбир или додајте го во чај.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.