Овој вид цигари ја зголемува опасноста од рак на белите дробови за 40 отсто

Сите видови на цигари предизвикуваат рак, но еден од нив можеби малку повеќе

Луѓето кои пушат цигари без филтер имаат 40 отсто поголема шанса да заболат од рак на белите дробови, но и дупло поголема шанса да починат од оваа болест, 30 отсто поголем ризик за предвремена смрт од било која причина во однос на оние луѓе кои пушат цигари со филтер, велат новите резултати од американските студии.

Студијата од Универзитетот во Северна Каролина тврди дека оние луѓе кои пушат цигари со филтер воопшто не се заштитени од добивање рак на белите дробови или некои други болести, но и дека таквите луѓе потешко можат да се одлучат да престанат со пушење.

Кога станува збор за електронските цигари како алтернатива, некое друго истражување донело до заклучок дека тие дефинитивно можат да да ја намалат способноста на телото да се бори против вируси и грипови. Од друга страна пак, обичните цигари ја зголемуваат шансата да се разболите од грип.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.