Домашен чај против висок притисок

Начин на подготвување

Маслинките се исклучително здрави, а многу е пишувано и за маслиновото масло.Маслинките имаат многу малку калории, а богати се со железо, бакар и витамин Е. Одлични се за проблеми со варењето, го снижуваат високиот крвен притисок и добри се во борба против болките и кашлицата, па дури и против ракот.

Иако не е вообичаено на нашето подрачје да се пие чај од маслинки, тоа битребало да се смени бидејќи станува збор за напиток кој помага за намалување на високиот притисок, а некои го сметаат и за замена за зелениот чај.

Пиењето чај од листови од маслинки, кој е инаку и многу вкусен, ќе го спречат настанувањето на кардиоваскуларни болести, ќе го снижи холестеролот, ќе ви помогне да се ослободите од габичните инфекции и ќе делува антибактериски.

Одличен лек е и за херпес, а ќе ги олесни и симптомите на воспаление на белите дробови, помага за дијабетес тип 2, такашто го снижува шеќерот, кај менингитис, реума, инфекција на мокрачните патишта, хроничен замор и алергии, а го зајакнува и системот за имунитет.

Како се подготвува?

Во 2,5 дл зовриена вода ставете 10 грама исушени листови од маслинки и оставите да врие три минути на тивок оган.

Потоа оставете го чајот покриен да отстои околу 10 минути и исцедете го. Ако ве мачи висок крвен притисок, сварете 20 листови во дл вода, пуштете да испари околу 1дл и пред консумирање, додадете мед.

Пијте наутро и навечер по една шолја. Не претерувајте со количината заради неговото својство за снижување на притисокот, а не им се препорачува ниту на трудниците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.