Овие симптоми се знак дека ви се заканува мозочен удар!

1. Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок е главен показател дека нешто не е во ред со вашиот кардиоваскуларен систем и дека постои можност да добиете мозочен удар. Затоа, многу е важно редовно да го контролирате притисокот и да посетите лекар кога ќе забележите дека е премногу висок.

2. Проблеми со видот

Состојбата пред шлог може да доведе до заматен вид, гледање двојно, па дури и губење на видот на едното око. Ако забележите нешто слично, веднаш повикајте итна помош, бидејќи така може да спречите несреќен случај.

3. Трнење на едната страна од телото

Ако почувствувате трнење на целата страна од телото или на еден дел од лицето, тоа е знак дека можеби сте преживеале послаб мозочен удар и затоа задолжително посетете лекар.

4. Вртоглавица и умор без причина

Ако одеднаш почувствувате голем умор или ви се заврти во глава, причината за тоа може да е состојба на предмозочен удар. Исто така, тоа може да значи дека веќе сте доживеале помал мозочен удар, па вртоглавицата и уморот се последици од тоа.

5. Силни мигрени и изненадни главоболки

Ако ви се случува во еден момент да почувствувате силни главоболки од кои не можете да размислувате и гледате, тогаш посетете лекар за да утврдите за какви главоболки се работи.

6. Болки во вратот и рамената

Ова е симптом што не мора секогаш да е поврзан со мозочен удар, но ако забележите болки во вратот и рамената, а ништо не сте правеле физички, тогаш сепак прегледајте се, бидејќи тоа може да укажува на пукнат крвен сад во мозокот кој ги притиска нервите и доведува до болка во тие мускули.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.