ИЈЗ – Во септември регистрирани случаи на мали сипаници, голема кашлица и заушки

Пријавени се 3 лица со вирусен хепатит Б, кои согласно Календарот за имунизација не подлежат на вакцинација и не се вакцинирани. Во текот на септември регистрирани се 4 нови случаи на мали сипаници. Сите пријавени  се од Скопје. Случаите не се епидемиолошки поврзани. Според возрасната дистрибуција, двајца од заболените се на возраст од 1-4 години, еден е на возраст од 30-39 години и еден од возрасната група 50-59 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, едно лице од возрасната група од 1-4 години е вакцинирано со една доза, другото лице не е вакцинирано, а за останатите нема податоци. Сите пријавени случаи се лабораториски потврдени. Во месец септември регистрирани се 3 случаи од голема кашлица. Заболените лица се од Скопје, Тетово и Куманово и сите се на возраст до 1 година. Во однос на вакциналниот статус, ниту едно од заболените лица не е вакцинирано со вакцина која содржи компонента против голема кашлица, од нив едно лице не подлежи на вакцинација согласно Календарот за имунизација (помало од два месеци). Пријавените случаи се лабораториски потврдени. Во месец септември, пријавено е едно лице со заразни заушки од Скопје, на возраст од 4 – години, нема податок за вакциналниот статус, а дијагнозата е поставена клинички

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.