Не ги правете овие грешки кога јадете лук!

Лукот е исклучително здрав. Со цел максимално да го искористите неговиот лековит потенцијал следете ги советите кои ви ги донесуваме и не ги правете овие грешки.

Термички го обработувате: Готвењето или печењето на лукот е прифатливо доколку сакате да го подобрите вкусот на јадењата. Меѓутоа, со термичката обработка лукот ја губи вредната состојка – алицин. Таа се активира за време на џвакање или сечкање на лукот.

Но, топлината ја намалува концентрацијата на алицин со што автоматски се намалува и лековитиот ефект. Затоа, лукот изгмечете го 10 минути пред готвење, па подгответе го на умерена температура не подолго од 15 минути.

Користите суплементи: Со цел да го избегнете лошиот здив, веројатно се одлучувате на користење лук во гранули. Ниту една замена или преработка не е еднакво лековите како свежа намирница.

 

Употребувате лук кој не е свеж: Кога го користите или купувате, секако изберете ја насвежата можна варијанта. Идеално би било кога би набавиле лук со органско потекло.

Штедите: Доколку сакате да се решите од инфекции, едно мало чешне нема да ви биде доволно. Дневно консумирајте две до три чешниња.

Ги занемарувате пробиотиците: Со оглед на тоа што лукот е антибиотик, во голема мера може да влијае на цревната флора. Не заборавајте во организмот да внесете и пробиотици доколку се лечите со лук.

Не се храните здраво: Самиот лук не може да ги реши вашите здравствени проблеми, затоа ќе морате да се одвикнете од лошите навики. Избегнувајте бел шеќер, преработена храна…

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.