На инфективна нема хоспитализирано пациенти со симптоми на труење од гостилницата „ДМ“ во Скопје
Од Клиниката за инфективни болести информираат дека кај нив нема хоспитализирани лица од вчерашното труење со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје. Лекарска помош, вчера побарале 5 лица со полесни симптоми на труење, кои биле амбулантски прегледани и пуштени дома.
Исто така, дома се пуштени и четворица од хоспитализираните, кои пред неколку дена беа задржани на болничко лекување со симптоми на труење од сендвичарата „Седмица“ во Карпош.