Околу 10 проценти од возрасните луѓе имаат зуење во ушите!

Околу 10 проценти од возрасните слушаат зуење во ушите и оваа појава е карактеристична за постарите лица и кај мажите. Зуењето во ушите или тинитус е чувство на звук во отсуство на надворешен звук. Поточно, човек го слуша она што не постои. Причините за зуењето во ушите може да бидат различни: промени во крвните садови на главата и вратот, грчеви во мускулите, заболувања на средното уво, повреда на увото, главата или вратот, мултиплекс склероза, заразни болести, сифилис … Но, исто така може и употребата на одредени лекови. Проблеми со зуењето имаат луѓето со висок крвен притисок, и луѓето со слаба циркулација.

Оние на кои им зујат ушите поради слаба циркулација мора да ги исфрлат од употреба кофеинот, цигарите, алкохолот и да го намалат внесот на сол.

Тинитус може да биде и поради наслагите од восок. Кога го има премногу, тоа може да го иритира тапанчето и да предизвика зуење.

Со цел да се спречи непријатното зуење можат да помогнат слушалки и слушање на бавна и умерена музика.
Ако зуењето е често неопходна е посета на лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.