Внимавајте: При пробувањето на костими за капење може да добиете хепатитис А!

207

Пред купување на костим за капење многумина сакаат да го пробаат уште во продавница. Токму тоа е ризик по здравјето.
Пластичниот капак кој се наоѓа во долниот дел на костимот за капење треба да биде заштита од телесни течности и бактерии, но всушност тоа е изворот на инфекцијата – велат истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк.
За целите на истражувањето тие анализирале примероци од облека од продавници – фустани, панталони и долна облека.
Биле пронајдени траги од кожа, измет, бактерии, кои ги напаѓаат дишните патишта. Најмногу вируси и бактерии биле пронајдени на костимите за капење и долната облека. Пробањето на костимите е ризик по здравјето но не значи дека сите што ќе дојдат во контакт со бактериите ќе бидат болни, укажуваат истражувачите предупредувајќи дека потенцијалната опасност доаѓа од изметот пронајден на гаќите бидејќи може да предизвика хепатитис А и дијареа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.