Медитеранска нега или изглед како Египјанка!?
Производите за нега и за лекување на кожата не се секогаш спакувани како што треба и направени се од
Производи што некогаш се користеле за нега на кожата
Иако не мириса најдобро, жените со години го користеле сокот од зелка за да ја намалат појавата на брчки. Се верува дека сокот од зелка ги затегнува мускулите на лицето, а обично со него си го масирале лицето и го оставале да се исуши. Кога сокот ќе се исушел, го миеле лицето со топла вода.
Медитерански пристап
Римјаните го користеле маслиновото масло за да ја чистат, хидрираат и да ја подмладат кожата. Откако ќе ја исчистеле кожата со пареа, го мачкале телото со маслиново масло и користеле камен за пилинг и за чистење на кожата. Маслиновото масло е богато со витамини А, Д и Е и затоа дејствува како антиоксидант кога ќе се стави на кожата. Исто така помага во намалување на влијанието на слободните радикали врз кожата.
Изгледајте како Египјанка
Клеопатра била позната по купките од млеко и изгледа дека навистина има нешто во тоа. Млекото може да се користи за смекнување и за чистење на кожата. Низ историјата служело како средство за убавина, за кожата да изгледа поцврсто и посјајно. Клеопатра исто така користела и семе од црн ким (Nigella sativa) за одржување на здравјето и на убавината – трагите од масло од ким се пронајдени дури и во гробниците на египетските фараони.
Благотворното масло од смрека
Есенцијалното масло од смрека се користи во алтернативната медицина уште од античко време за многу проблеми. Покрај тоа што помага во лекување кожни проблеми, смреката отсекогаш се користела за проблеми со респираторните органи, подобрување на паметењето, ублажување на менструалните болки, воспалителни процеси и за подуеност. Маслото се добива од бобинките и од кората од дрвото од смрека. Во средниот век жените го користеле ова масло за лекување акни и егземи, како и за затегнување на кожата и стеснување на порите.
Билни лекови
Жените во Индија ја користеле лимоновата трева за намалување на порите и за привремено зацврстување на кожата. Лимоновата трева е антибактериска билка, а жените го користеле етеричното масло од лимоновата трева како антиагенс за затегнување на површината на кожата за да постигнат младешки изглед (кожата игледала помладо и позатегнато), како и за лекување инфекции на кожата. Неколку капки масло од лимонова трева во топла купка исто така помагаат во намалување на целулитот и ја чистат кожата од акни.