Мажите и половина од децата во развиените земји се со прекумерна тежина
Меѓународна група научници посочија дека над 90% од мажите и 50% од децата во САД, Исланд, Нов Зеланд, Грција и други развиени земји имаат прекумерна тежина, информира Дејли мејл.
„Глобалната епидемија од прекумерната тежина е сериозен проблем за здравствениот систем. Бројот на луѓето со прекумерна тежина во 30-те најразвиени земји во светот е значително повисок отколку што покажуваа порано објавените проценки“, изјави раководителот на истражувањето Пол Лаурсен од Технолошкиот универзитет во Окленд, Нов Зеланд.
Од лесна и тешка форма на дебелина во САД, Исланд, Нов Зеланд и Грција страдаат 90% мажи, 71-81% жени и 50% деца. Во другите земји нивоата на луѓето со прекумерна тежина се разликува незначително од првите четири во листата. Само во Јапонија и Брунеи овие индикатори не надминуваат 50%.
Од своја страна жените во САД се на прво место по прекумерна тежина, следени од оние во Велика Британија.