Маж од Македонија денеска стана жена – Го смени полот

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ направена е првата интервенција на промена на пол кај 33 годишен маж. Интервенцијата ја изведе тим од врвни уролози по генитално реконструктивна хирургија предводен од проф. д-р Мирослав Џорџевиќ. За време на 5 часовната интервенција, кај пациентот полот е променет во женски.

„Подготовките за оваа интервенција траеа повеќе од една година каде пациентот мораше да помине психолошка подготовка и хормонска терапија. По завршување на процесот на подготовка на пациентот е направен промена на пол. Интервенцијата помина во најдобар ред, пациентот моментално се опоравува од хируршката интеревнција. Во болница ќе остане наредните две недели колку што е потребно за целосно опоравување.“ изјави проф. д-р Мирослав Џорџевиќ

Хируршката интервенција се следеше во живо од учесниците на првиот симпозиум за урогенитална хирургија во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Центарот за генитоуринарна реконструктивна хирургија од Белград.“

На симпозиумот за генитоуринарна реконструктивна хирургија се преставија последните достигнувања во оваа област во медицината а учесниците имаа можност преку пренос во живо да присуствуваат на најсовремените хируршки интервенции кои беа изведени од д-р Даниела Андриќ (Лондон), д-р Шон Елиот (САД), Андре Кавалканти (Бразил), д-р Атес Кадиоглу (Турција), Франциско Мартинис (Португалија) и Мирослав Ѓорѓевиќ (Србија).“ изјави проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.