Народен лек за воспалено грло и крајници

642

Народен лек кој е многу ефикасен рецепт за лекување на воспалено грло и крајници и гарантира брзо закрепување, во полесните случаи – за само четири часа.

За да се ослободите од болките во грлото и крајниците ви е потребен овој рецепт:

Напивка за воспалено грло и крајници:

80 грама мелени семки од ким прелијте ги со 200 милилитри вода и варете ги 15 минути. Смесата што ќе ја добиете ќе биде густа и еластична, слична како талог од кафе. Процедете и додадете 50 милилитри вода, па оставете повторно да зоврие. Кога ќе ја тргнете смесата од оган, додадете една лажичка коњак или вињак и тоа е сè. Добиената напивка треба да ја пиете на секои 30 минути по една лажичка.

Како да ја консумирате напивката?

Веќе по два часа болката ќе ви престане и ќе можете да голтате сè полесно. По четири часа завршете со пиењето на напивката, зошто повеќе нема да ви биде потребно. Ако имате потешко воспаление, продолжете да ја пиете напивката подолго време. Оваа напивка им се препорачува на сите кои често заболуваат од настинка, воспаление на грлото и крајниците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.