Малигниот меланом “коси” во Македонија – Само годинава регистрирани 480 случаи на опасниот рак на кожа!

За секоја сомнителна бемка на телото веднаш одете на лекар. Во пораст е бројот на заболени од најопасниот вид на рак на кожа. Само годинава според евиденцијата во Мој Термин биле регистрирани 480 новодијагностицирани со малиген меланом а лани имало 647 случаи. Лекарите се загрижени од зголемената стапка на нови пациенти и велат дека оваа болест не бира ниту возраст ниту пол.

-Овој тип на рак има голема стапка на смртност кај младите до 30 годишна возраст, и самото тоа покажува колку е опасен. Значи за секоја промена не треба да се чека ден два туку да се оди на лекар бидејќи тој ден два ни ја отежнува навремената дијагностика, вели др. Софија Пејкова, директор на Клиника за пластична хирургија.

Ако кај пациентот е направена навремена и рана дијагностика шансите за преживување се над 90 проценти. Но кај оние каде меланомот е во напредна фаза процентот на смртност е многу висок.

-Јас верувам дека има надеж и за овие пациенти со биолошката терапија која е актуелана во светски рамки со која се зголемува тој век на преживување вели Пејкова.

Меланомот може најлесно да се превенира а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директната изложеност на сонце и опасното ултравиолетото зрачење. Мај е месец за борба против ракот на кожа и го одбележуваат и здравствените институции во земјата.

Покрај изложеност ана опасното УВ зрачење, лекарите велат дека и вештачкото сончање е опасно за појава на меланом. Оние кои одат на солариум имаат за осум пати поголем ризик да добијат рак на кожа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.