Кои лекови треба да ги носите со вас кога одите на одмор?

Покрај убаво летување, годишниот одмор може да помине и со повеќе здравствени проблеми предизвикани од менување на животните навики, различна исхрана какао и пиење небезбедна вода. Во тој случај може да дојде до проблем со варење на храната, подуеност, абдоменална болка, треска, но често се случува и појава на дијареа. за почеток, за да немате пробелм , не заминувајте без пробиотик. Постои голем избор на пробиотски производи на пазарот, но критериумите за избор треба да бидат кај производ кој содржи оптимално пет милијарди пробиотски култури и тоа оние што се отпорни на киселината во желудникот. Експерти советуваат дека превенцијата е најбезбедна форма на заштита па се препорачува со пробиотици да се почне неколку дена пред патувањето. Покрај ова, патната аптека треба да ги содржи следните лекови:

– Лекови за намалување на температура особено оние кои парацетамол или ибупрофен. Овие лекови може да бидат и добри аналгетици за ублажување на болката а може да помогнат и во лекувањето на сончаница со земање голема количина течности.

– Препарати против алергии – антихистаминици. и тие, исто така, може да ги ублажат симптомите при изгореници предизвикани од прекумерно сончање.

– Производи за намалување на проблемите предизвикани од каснување на комарец и други инсекти

– Средства за надокнадување на течноста

– Антибиотска маст во случај на инфекција на осетлива кожа на децата

– Капки за очи. Честото седење во пењсок и триенњето на очите може да доведе до конјуктивит

– Стерилна газа, ханзапласт и некој антисептички раствор (повидон, водород, борна киселина

– Лекови против гадење

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.