Како сами да проверите дали е во ред вашата тироидна жлезда?

Нарушувањата во работата на штитната жлезда предизвикуваат бројни компликации со срцето, метаболизмот, дебелеењето, слабеењето итн. Освен со редовната контрола на хормоните кои стручњаците ги препорачуваат, постои уште еден начин за проверка дали вашата штитна жлезда работи како што треба.

Доктор Брода Барнс открил дека температурата на нашето тело е вистински индикатор за работата на штитната жлезда. Тестот со кој ќе ја проверите работата на тироидната жлезда е сосема едноставен.

Пред спиење земете го топломерот, добро истресете го и оставете го покрај креветот. па следното утро, веднаш после будењето, ставете го топломерот под пазувите и измерете ја температурата. После 10 минути прочитајте го резултатот и веднаш запишете го. Резултатот е познат како „рана утринска базална температура“. Нормалната температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени.

Поради инфективните болести и кај жените кои што се во репродуктивниот период, температурата може да варира, па препорака е да го направите овој тест кога сте здрави и во периодот непосредно по менструалниот циклус.

Резултати од тестот:

1. Температура помеѓу 36.5 и 36.8 степени – вашата штитна жлезда работи нормално.

2. Температура пониска од 36.5 степени – се работи за намалена работа на штитната жлезда (хипотиреоза). Симптомите од намалената работа на тироидната жлезда се депресија, недостиг од енергија, замор, инфекции, хронична главоболка, недостиг на помнење и концентрација, губиток на косата, итн.

3. Температура повисока од 36.8 степени – се работи за забрзана работа на штитната жлезда (хипертиреоза) или инфекција во телото.

Поради точност на резултатите се препорачува барем три последователни денови да го правите тестот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.