Како природно да ги избелите забите?
Сигурно сите сакате да имате блескава насмевка и бели заби, меѓутоа, дали поради генетиката или начинот на исхрана, тоа не е секогаш можно.
Овој рецепт помогнал на многумина, па се надеваме дека и на вас, но треба да биде трпеливи и истрајни.
Познато е дека кокосовото масло и куркумата се многу здрави, но кога се комбинираат заедно даваат идеален гел за избелување на забите. Потребно е да ги измешате, за еден третман користете пола кафена лажичка кокосово масло и третина лажичка куркума. Доколку ви е полесно можете да додадете и паста за заби и така да го користите.
Ова можете да го користите секој ден, додека не постигнете сакани резултати. После тоа ќе биде доволно еднаш до два пати неделно, поради одржување на белината.