Поради политички пазарења сеуште нема министер за здравство

Политичките пазарења во Владината коалиција стануваат поважни од здравјето на луѓето. Точно 2 месеци откако Арбен Таравари тргна во кампања за локалните избори празно е министерското столче во ресорот кој ги засега сите граѓани. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сеуште траат разговорите помеѓу владините партнери кој да биде министер за здравство.

– Сеуште немаме одлучено за министер за здравство се работи за многу сериозен ресор, до крајот на месецот ќе гледаме да ја донесеме таа одлука. Вчера ја искористив можноста и разговарав со Зијадин Села и со Али Ахмети, со нашите коалициони партнери денеска исто така ќе разговараме, изјави Зоран Заев, премиер на Р. Македонија.

На почетокот на неделата Села изјави дека доставиле предлог за нов министер за здравство. Во јавноста се шпекулира со името на Вулнет Ферати од Тетово, кој во времето на министерувањето на Имер Селмани во 2006 година беше претседател на Управниот одбор на Фондот за здравство.

Од ДУИ засега нема став дали го прифаќаат предготот на Алијансата за Албанците, откако оваа коалиција пред вториот круг на локалните избори коалицираше со Беса. Пред 10-тина дена Заев изјави дека ќе се бира човек, а не партија која ќе раководи со секторот здравство. Тоа ја отвора и можноста доколку новиот министер не биде од Алијансата Владата да ја има и првата реконструкција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.