Јадете спанаќ и спречете опасност од срцев удар и дијабетес
Различни студии покажале дека магнезиумот игра важна улога при спречување на сериозни здравствени проблеми. Според една неодамнешна студија, каде повеќе од еден милион луѓе во девет различни земји што консумирале повеќе намирници со магнезиум, се покажало дека имаат помал ризик за развој на некои од најчестите болести на денешницата.
Тие објавија 10 отсто помал ризик за развој на срцеви заболувања, 12 отсто помал ризик за мозочен удар и 26 проценти помалку шанси да се развие дијабетес тип 2.
Значи, недостатокот на магнезиум ја зголемува веројатноста за да се развијат различни болести.
Спанаќот, на пример, е одличен извор на магнезиум и тоа како го зајакнува организмот.
Имајте на ум дека една чаша спанаќ содржи 157 милиграми магнезиум, го снабдува организмот со есенцијални витамини и минерали што му се потребни на телото за правилно да функционира.