Истражување на ИЈЗ: Марихуаната е најчесто користена дрога во Македонија – Mинатиот месец 39 проценти од жените пиеле седативи

Марихуаната е најчесто користена дрога во Македонија. Мажите повеќе пијат пиво, а жените вино, цигари пуши секој втор човек во земјава. Ова е заклучотот од најновото истражување на Институтот за јавно здравје. Загрижувачки се и податоците за користењето седативи. Минатиот месец дури 39 проценти од жените и 28 отсто од мажите пиеле лекови за смирување. Вакви апчиња најчесто на своја рака земале и 14 насто од младата популација.
– Мажите користат повеќе супстанции за разлика од жените кои повеќе користат седативи, рече м-р д-р Силвана Ончева, Институит за Јавно здравје
Покрај зголемената употреба на седативи, зголемување има и во користењето на дроги
– Употребата на илегалните дроги е околу 2% , но загрижува фактот што таа има тренд на пораст и е поврзана со возраста, такашто на 15 и 16г. возраст веќе околу 5% од децата искажале дека во дотогашниот живот пробале барем 1-2 пати марихуана, изјави асс. Д-р Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје.

Алармантните бројките за употребата на дрога, алкохол, цигари и седативи во земјава ги слушнаа и од министерството за здравство кои најавија дека ќе продолжат со превентивните програми, но не предложија конкретни мерки за подобрување на состојбата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.