Ефикасен чај за кашлица и болно грло
Помага за болно грло, кашлица, како и болки при голтањето за време на настинка или грип. Овој чај особено ќе ви помогне во текот на есента и зимата:
СОСТОЈКИ:
- 16 гр мајчина душичка
- 8 гр жалфија
- 8 гр каранфилче
- 1 лажичка лут црвен пипер
- 2 лажички рендан ѓумбир
- 1 лажица мед
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:
- Сите состојки (освен медот) се ставаат во 900 милилитри вода, се вари сè околу 20 минути, односно додека количината со варењето не се сведе на приближно 250 мл.
- Кога ќе се олади, се додава и медот и убаво се промешува.
- Се пие по 1 шолја наутро на празен желудник.